• четврток, 26 декември 2024

Економско - социјален совет: Разгледани предлозите на синдикатите за пресметка на платите во јавен сектор

Економско - социјален совет: Разгледани предлозите на синдикатите за пресметка на платите во јавен сектор

Скопје, 8 мај 2023 (МИА) - Главната дискусија на економско-социјалниот совет кој денеска ја оддржа деветата седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, беше новиот Општ колективен договор за јавен сектор при што беа разгледани предлозите од страна на синдикатите.

Како што соопшти владината прес - служба, вицепремиерот Битиќи, се осврна на два предлога за пресметка на платите во јавен сектор, првиот предлог од страна на Владата е во дефинирањето на бруто плата да се земе минимална бруто плата и на тоа да се додаде бројот на бодови и вредноста на бод, а вредноста на бодот да ја носи Собранието.

Во однос на Предлогот на синдикатите, во основната бруто плата да се дефинира просечната бруто плата помножена со коефициент на сложеност на работното место, се додава, вицепремиерот посочи дека, за да се стигне до посакуваната цел е потребен транзициски период за целосно усогласување со просечната плата.

-Претставниците на Владата истакнаа дека целта е креирање на единствен систем и поедноставување кои ќе значат решенија кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и следење на продуктивноста на економијата. Социјалните партнери се согласија да се направат симулации и за двата предлози за пресметка на платите во јавниот сектор и на следната седница на ЕСС, следната недела да се разгледаат, се наведува во соопштението.

На денешната седница беше разгледана и усвоена и Информацијата за имплементација на Работниот план за Преглед за занимања и Информацијата за учество на трипартитна делегација на Меѓународната конференција на трудот во Женева, во јуни 2023 година. Меѓународната конференција е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чија членка е и Република Северна Македонија. Притоа претставниците на социјалните партнери беа задолжени претставниците на Организација на работодавачи и Сојузот на синдикати во најбрз рок да номинираат претставници до среда, стои во соопштението од Владата. вг/дма/

 

Фото: Влада

 

Остани поврзан