• понеделник, 23 декември 2024

Еколошка акција на 13 локации во Штип

Еколошка акција на 13 локации во Штип
Штип, 28 мај 2022 (МИА) - Во Штип утре ќе се чисти на 13 локации. Градоначалникот на Општина Штип,  Иван Јорданов, во соработка со јавните претпријатија и урбаните заедници утре со почеток во 10 часот ќе започнат со чистење. Целта на ваквата еко-акција е да се одржува чист градот и животната средина. Според него недела е идеален ден, бидејќи може да помогнат поголем број на граѓани, а во акцијата може да се вклучат сите кои сакаат да придонесат за почист Штип. - Последователно неколку викенди по ред oпштина Штип организира еко-акции и така ќе биде и овој викенд во недела со почеток во 10 часот во соработка со урбаните заедници ќе се чистат населбите и маалата. Сите наши сограѓани може да се приклучат во акцијата заедно со јавните претпријатија да ги расчистиме нашите маала и наслеби од ѓубре и смет, вели Јорданов. Во акцијата освен жителите на населбите ќе  може да се вклучат и вработените во администрацијата, но на доброволна основа. Чистењето ќе се спроведе во населбите Леваци, Света Недела, Сењак, Осми ноември, Баби, Автокоманда, Железничка, Дузлак, Ново Село и Македонка. вдј/aa/

Остани поврзан