• недела, 19 мај 2024

Еколошка акција во Неготинско, посадени дрвца гинкго билоба на повеќе локации

Еколошка акција во Неготинско, посадени дрвца гинкго билоба на повеќе локации
Неготино, 22 април 2023 (МИА) - Еколошка акција се реализираше денеска во Неготинско, каде на повеќе локации во општината беа посадени дрвца гинкго билоба. 
 
Сашко Тодоров, претседател на Здружението за заштита на природата „Ековита" од Неготино, рече дека овие дрвца се долговечни и лековити, отпорни и им пркосат на климатските промени. 
 
- Лете нудат сенка во жешките денови. Лисјата може да се употребуваат за чај во медицински цели, дрвцата ни даваат кислород, штитат од прашина, нагласи тој за МИА. 
 
Тодоров кој е дипломиран инженер по биологија, потсети дека во последно време, на неколку локации во Тиквешијата, имаат посадено неколку десетици дрвца гинкго билоба. 
 
Тој беше категоричен дека ваквите дрвца се вистинско богатство и е неопходно да ги има во што поголем број, затоа што, како што додаде, тие се како бели дробови за еден град. Со нив, нагласи, градот полесно „дише". Но, додаде, убаво е и кога ќе се посадат и во рурални средини, разубавувајќи ја и збогатувајќи ја природата. свд/вг/
 
Фото: МИА 

Остани поврзан