• понеделник, 23 декември 2024

Екоакција на планинари од Гевгелија на две излетнички локации

Екоакција на планинари од Гевгелија на две излетнички локации
Гевгелија, 17 мај 2022 (МИА) - На потегот меѓу излетничките локации Сифулајка и Смрдлива Вода, членовите на планинарското друштво „Кожуф“ го исчистија фрлениот отпад од несовени граѓани кои зад себе оставале разновиден отпад. Учесниците во акцијата, меѓу кои имаше и граѓани доброволци, беа поделени во две групи и всушност ја чистеа планината Кожуф на нејзиниот дел меѓу познатите излетнички места кои се најпосетени за време на викенди и празници. - Едната екипа чистеше во околината на месностите Сифулајка, Кисела Вода и Катеринина Чешма, а втората екипа, придружувана од механизација на јавнотокомунално претпријатие, се упати на Смрдлива Вода каде имаше создадено прилично голема дива депонија од секаков вид отпадоци. Акцијата нека биде поттик за сите во иднина да спроведуваат еколошки акции, да уживаат во природата и секој престој во неа да биде достоинствен, велат организаторите. им/сст/    

Остани поврзан