• сабота, 05 октомври 2024

Екипата на “Кино Влае” од Скопје најдобра на “Streetball 2022”

Екипата на “Кино Влае” од Скопје најдобра на “Streetball 2022”
Неготино, 26 август 2022 (МИА) - Синоќа  во салата СРЦ “Младост” во Неготино заврши 13-то по ред издание на турнирот во улична кошарка, “Streetball”. Неготинскиот градоначалник, Горан Стојанов денеска информираше дека оваа година, „турнирот изобилувал со квалитетна кошарка и неизвесни натпревари".
-Учесници на турнирот беа најдобрите 3x3 екипи во државта, кои понудија врвна кошарка, многу атрактивни моменти и пред се добра забава за гледачите. Победник на турнирот е екипата на “Кино Влае” од Скопје која во одличното финале ја совлада екипата на “Валандово црно-црвени” и ја освои првата награда во висина од 30.000 денари, додека поразената екипа во финалето заработи 20.000 денари. Третото место и наградата од 10.000 денари ја освои екипата на “Дружината на Вацко” од Кочани, којашто во малото финале ја совлада екипата на “Слаткарница Шар Планина” од Гевгелија. МВП (најдобар играч на турнирот) е Ервин Цого од екипата на “Кино Влае” од Скопје. Претходно, во јуниорска конкуренција првото место на турнирот го освои екипата на “Спорт Тим”, пред екипите на “АМВ” и “Хавана”, сите од Неготино, информираше градоначалникот.
Во рамките на турнирот беа организирани и натпревари во шутирање на тројки и слободни фрлања.
-Дипломите и наградите на најдобрите екипи во сениорска конкуренција им ги врачи претседателот на комисијата за јавни дејности при Советот на општината Неготино Александар Гичовски, кој ја додели и наградата за МВП (најдобар играч на турнирот). Екипите кои настапија на турнирот упатија благодарност до општината Неготино и КК “Спорт Tим”, за беспрекорната организација и уште отсега го најавија своето учество за наредната година, рече Стојанов. свд/сст/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан