• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Еднa од најголемите европски установи за медицинска нега погодена од ИТ дефектот

Еднa од најголемите европски установи за медицинска нега погодена од ИТ дефектот

Берлин, 19 јули 2024 (МИА) - Еднa од најголемите европски установи за медицинска нега, лоциранa во Германија, e погодена од дефектот на ИТ мрежи што се појави речиси насекаде во светот.

Германскиот универзитетски медицински центар Шлезвиг-Холштајн (UKSH) денеска ги откажа сите медицински процедури, наведува во соопштение на својата веб-страница.

Погодени се и нивни две филијали во градовите Кил и Либек, северна Германија. Затворени се и амбулантите. паг/
 
Фото: ДПА
 
 
 

 

 

Остани поврзан