• среда, 18 декември 2024

Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни

Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни

Скопје, 1 декември 2024 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство при спроведени контроли во 36 училишни кујни утврдила дека една кујна не била регистрирана, а во кујните во четири училишта биле оштетени работните површини. Земените примероци од храна биле во ред, а од земените брисеви само во едно училиште лабораториските тестирања детекирале незадоволителни резултати. 

За нерегистрираната кујна, како што соопшти денеска АХВ, изречена е прекршочна санкција и наредено е итно регистрирање.

Издадени се и решенија со мерки за отстранување на недостатоците утврдени во четирите училишни кујни каде биле оштетени работните површини. 

- Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување на вонредни инспекциски контроли кај операторите со храна на територијата на цела држава, со акцент контролите во кујните во училиштата и установите каде се згрижуваат граѓани од ранливите категории, каде контролите ќе се спроведуваат континуирано, се наведува во соопштението. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан