• петок, 22 ноември 2024

Един Терзиќ заминува од Дортмунд

Един Терзиќ заминува од Дортмунд

Дортмунд, 13 јуни 2024 (МИА) - Един Терзиќ повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд!

Германскиот стручњак со балкански корени неочекувано поднесе оставка откако неодамна беше поразен од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите.

Откако Терзиќ поднесе оставка до управата на клубот, останува да се види дали ќе има обид да се убеди да остане или ќе следи дефинитивно збогување.

Покрај неочекуваното заминување на тренерот, во јавноста протекоа информации за незадоволството на одредени фудбалери од методите на работа на Терзиќ и неговиот однос кон нив. Особено се издвојува незадоволството на искусниот Матс Хумелс, иако прикажа врвна игра на крајот од сезоната.

Овие внатрешни проблеми веројатно имаат значително влијание врз текот на настаните во клубот. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан