• недела, 22 декември 2024

Единствените две панди во Велика Британија се враќаат во Кина, без потомство

Единствените две панди во Велика Британија се враќаат во Кина, без потомство

Единбург, 5 јануари 2023 (МИА) - По повеќе од 10 години неуспешни обиди за размножување, единствената двојка панди на британска почва оваа година ќе биде вратена во Кина без потомство, соопшти денеска зоолошката градина во Единбург. Кралското зоолошко друштво во Шкотска планира да им подари „џиновска“ проштална свеченост на мажјакот Јанг Ганг и женката Тјан Тјан пред нивното поаѓање.

- Тие беа неверојатно популарни меѓу посетителите. Тие помогнаа да се поврзат милиони луѓе со природата и да се соберат пари за зачувување на овие животни, изјави извршниот директор на Зоолошкото друштво Дејвид Филд.

Пандите пристигнаа во Единбург во декември 2011 година. По неколку неуспешни обиди за парење, Тјан Тјан беше вештачки оплодена во 2013 и 2014 година, но и тоа заврши без успех. Јанг Ганг беше кастриран во 2018 година поради рак на тестисите.

Репродукцијата на пандите е особено тешка зад решетки. Женките се плодни само 24 до 36 часа на пролет, според Меѓународната организација за заштита на пандите.

Во дивината, пандите живеат во југозападна Кина. Има околу 1.860 од нив во дивината, а околу 600 во кафези ширум светот.  си/ссм/

Остани поврзан