Еден од главните шефови на Камора се согласил да соработува со властите по четврт век во затвор
- По повеќе од 25 години затвор и одбивање да зборува, еден од главните шефови на италијанската комора, Франческо Скијавоне, одлучи да соработува со обвинителството, објавија италијанските медиуми, пренесе Бета.
Рим, 29 март 2024 (МИА) – По повеќе од 25 години затвор и одбивање да зборува, еден од главните шефови на италијанската комора, Франческо Скијавоне, одлучи да соработува со обвинителството, објавија италијанските медиуми, пренесе Бета.
Истражните органи се надеваат дека ќе добијат повеќе информации за Камора и нејзината можна поврзаност со италијанската политичка сцена.
Седумдесетгодишниот Скијавоне бил еден од основачите и „кум“ на кланот Камора „Касалези“ во провинцијата Касерта во близина на Неапол.
Пред неколку недели, како што јави ДПА, тој воспоставил контакт со антимафијашките служби.
Двајца од неговите синови соработуваат со властите од 2018 и 2021 година, а уште двајца се во затвор.
Камора е една од најозлогласените мафијашки организации во светот, а нејзиното родно место се јужните италијански провинции Казерта и Неапол. мс/
фото: МИА архива