• петок, 19 јули 2024

ЕВРО2024: Италија со пресврт ја совлада Албанија

ЕВРО2024: Италија со пресврт ја совлада Албанија

 

Дортмунд, 15 јуни 2024 (МИА) – Актуелниот европски првак Италија со победа ја почна одбраната на титулата, совладувајќи ја вечерва во Дортмунд репрезентацијата на Албанија со 2-1 во рамки на првото коло во групата Б на ЕВРО2024.

Натпреварот почна шокантно за Италија која по само 23 секунди се најде во резултатска негатива, откако Бајрами искористи кардинална грешка во противничката одбрана и го постигна најбрзиот гол во историјата на европските првенства.

Италијанските фудбалери брзо се созедоа и по само 16 минути игра го презедоа водството.

Бастони во 11 минута израмни на 1-1, а пет минути подоцна Барела донесе целосен резултатски пресврт и стартна победа за Италија на ЕВРО2024.

Во рамки на групата Б претходно денеска Шпанија со 3-0 ја совлада Хрватска. ег/

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан