ЕВРО 2020: Холандија во ефикасен дуел ја совлада Украина
- Репрезентацијата на Холандија ја победи Украина со 3:2 во вториот натпревар од 1.коло во Ц-групата на Европското фудбалско првенство.
Амстердам, 13 јуни 2021 (МИА) - Репрезентацијата на Холандија ја победи Украина со 3:2 во вториот натпревар од 1.коло во Ц-групата на Европското фудбалско првенство.
Средбата која се одигра во Амстердам понуди здодевно прво и суперефикасно второ полувреме. Холанѓаните поведоа со 2:0 преку Џорџињо Вајналдум и Ваут Вегорст постигнати во 52-та, односно и 59. минута. Во 75. минута Андреј Јармоленко намали на 2:1, а Роман Јаремчук во 79. минута го изедначи резултатот. Победата на домаќините им ја донесе Дензел Дамфрис во 85.минута.
Холанѓаните и Австријците со по три бода се на првите две места, Украинците и Македонците се без бодови по почетното коло во оваа група.
На 17 јуни македонската репрезентација ќе игра со Украина, додека Холандија во Амстердам ја дочекува Австрија. зс/