• понеделник, 06 мај 2024

ЕВРО 2020: Нерешено на двете последни средби од групната фаза

ЕВРО 2020: Нерешено на двете последни средби од групната фаза
Будимпешта, 23 јуни 2021 (МИА) – Со два нерешени исхода во третото коло од Х-групата, завршија натпреварите од групната фаза на Европското фудбалско првенство 2020. Вечерва во дербито одиграно во Будимпешта, Франција и Португалија одиграа 2:2. Со истиот резултат заврши средбата во Минхен, Германија – Унгарија. По овие резултати Франција е прва со пет бода, Германија и Португалија имаат по четири, Унгарија е елиминирана како последнопласирана во групата со два освоени бода. зс/

Остани поврзан