• сабота, 23 ноември 2024

ЕВРО 2020 најефикасно во историјата

ЕВРО 2020 најефикасно во историјата
Лондон, 29 јуни 2021 (МИА) – На Европското фудбалско првенство 2020, поставен е нов рекорд во постигнати голови, објави УЕФА на својата веб-страницата. Екипите постигнаа 118 погодоци. Претходниот рекорд од 108 голови беше поставен на Евро 2016. 109-от гол на Евро 2020 го постигна Хрватот Мислав Оршиќ, вчеравечер во осминафиналниот натпревар со Шпанија (3:5). Пред воведувањето на форматот од 24 екипи во 2016 година, турнирот во 2000 година беше најпродуктивен. Екипите погодија 85 пати на тоа ЕП. Во тековното Европско првенство исто така постави е и рекорд за просечен број на голови по натпревар од воведувањето на групната фаза во 1980 година. Во просек, на Евро 2020 се постигнуваат 2,81 погодок. Пред воведувањето во групната фаза, најмногу голови беа постигнати во ЕП 1976 година - 4,75 гола на натпревар. зс/

Остани поврзан