• петок, 22 ноември 2024

Евростат: Во ЕУ 20 милиони деца во опасност од сиромаштија

Евростат: Во ЕУ 20 милиони деца во опасност од сиромаштија

Брисел, 19 јули 2024 (МИА) - Во 2023 година, речиси 20 милиони деца во ЕУ, или 24,8 отсто од децата  биле во ризик од сиромаштија и социјална исклученост, објави Евростат.

На ниво на поединечни земји, најголем удел на деца со ризик од сиромаштија и социјална исклученост во 2023 година е забележан во Романија (39,0 %), потоа во Шпанија (34,5%) и Бугарија (33,9%).

Спротивно на тоа, Словенија (10,7%), Финска (13,8%) и Холандија (14,3%) имаат најниско учество на деца во ризик од сиромаштија.

„Во 2023 година, 10,7 отсто од децата на возраст под 18 години во ЕУ, чии родители имаат високо ниво на образование, се или во ризик од сиромаштија или социјална исклученост, во споредба со 61,8 отсто од децата чии родители имаат ниско ниво на образование“, соопшти Евростат. паг/

Фото: МИА архива


 

 
 
 

 

 

Остани поврзан