• среда, 13 ноември 2024

Европските влади со мерки поради високите цени на енергентите

Европските влади со мерки поради високите цени на енергентите
Брисел, 4 февруари 2022 (МИА) - Наглиот пораст на цените на енергијата на пазарот ги активира европските влади обидувајќи се да ги заштитат граѓаните од ценовниот шок и да им помогнат во плаќањето на високите сметки.
Австрија
Австриската влада најави финансиска помош за домаќинствата кон крајот на јануари и го суспендираше паушалот за зелена струја оваа година, проценувајќи ја вредноста на мерките на 1,7 милијарди евра.
Белгија
Белгиската влада на почетокот на февруари соопшти дека ќе го намали данокот на додадена вредност на електричната енергија како дел од пакетот мерки за заштита на потрошувачите од поскапувањето на енергијата.
Велика Британија
Британскиот енергетски регулатор објави дека поради рекордно високите цени на бензинот во светот, од 1 април ќе ја зголеми регулираната цена на енергијата за најшироката категорија домаќинства за 54 отсто.
За да го ублажи шокот, Владата истовремено претстави пакет мерки што вклучува попуст од 200 фунти на сметките за електрична енергија за сите домаќинства, со период на враќање од пет години и попуст од 150 фунти за даноците за околу 80 отсто од домаќинствата во Англија. Бугарија Бугарската влада ги замрзна регулираните цени на струјата и парното за домаќинствата до крајот на март. Чешка  Долниот дом на чешкиот Парламент го усвои владиниот нацрт-закон со кој им олеснува на домаќинствата да се стекнат со правото на социјална помош за домување, што треба да им помогне на најранливите на зголемените цени на енергијата. Франција Франција вети дека ќе го ограничи растот на регулираните цени на електричната енергија на четири отсто преку владина наредба енергетска компанија ЕДФ, која е 80 отсто во државна сопственост, да продава поевтина електрична енергија произведена во нуклеарните централи на конкуренцијата. Германија Германската влада соопшти дека оваа година би можела да ја укине таксата за обновлива енергија во сметките за електрична енергија за да го намали притисокот од зголемените трошоци за енергија врз милиони домаќинства. Грција Грција најави зголемување од два отсто на минималната плата и дополнително намалување на даноците на имот за 13 отсто за да им помогне на домаќинствата кои се борат со зголемената инфлација и повисоките трошоци за енергија, изјави премиерот Киријакос Мицотакис. Италија Италијанската влада од јули потроши повеќе од осум милијарди евра за да го спречи поскапувањето на струјата за домаќинствата. Минатиот месец, Рим објави уште еден пакет мерки, во вредност од 1,7 милијарди евра, чија цел е да ги намалат огромните сметки за енергија и да им помогнат на компаниите да го надминат последниот бран на инфекција со коронавирус. Холандија Холандија ги намали даноците за енергија за осум милиони домаќинства. Норвешка Норвешка ги субвенционираше сметките за електрична енергија за домаќинствата во декември, покривајќи нешто повеќе од половина од износот над одреден праг. Потоа го зголеми тој удел на 80 проценти помеѓу јануари и март. Полска Полска најави намалување на даноците за енергија, бензин и основни прехранбени производи и финансиска помош за домаќинствата. Шпанија Шпанија намали неколку даноци за да ги намали износите на сметките до крајот на 2021 година. Во декември одлучи да ја продолжи мерката до мај 2022 година. Шведска Шведска ќе плати компензација на домаќинствата најтешко погодени од поскапувањето на електричната енергија, а Владата ќе издвои шест милијарди шведски круни (661 милион долари) за овие мерки. Европска комисија Земјите од ЕУ во голема мера се независни во креирањето на сопствената енергетска политика, а според регулативите на ЕУ им е дозволено да преземат итни мерки за заштита на потрошувачите од повисоки трошоци. Во октомври, ЕК објави список на мерки на членките на ЕУ кои можат да ги воведат без да ги прекршуваат правилата за конкуренција, вклучително и помагање на посиромашните домаќинства, финансирање обнова со која се намалува потрошувачката на енергија и ослободување на ранливите домаќинства од повисоки даноци за енергија. паг/  

Остани поврзан