• недела, 22 декември 2024

Европската вселенска агенција преговара со Маск за заедничка акција за отстранување на отпадот во вселената

Европската вселенска агенција преговара со Маск за заедничка акција за отстранување на отпадот во вселената

Париз, 24 октомври 2024 (МИА) – Европската вселенска агенција (ЕСА) преговара со компанијата на Илона Маск „Спејс Икс“ за можноста таа да се приклучи кон меѓународна повелба осмислена да го намали постојано растечкиот отпад во вселената, изјави денеска генералниот директор на Европската вселенска агенција, Јозеф Ашбахер.

ЕСА, во која членуваат 22 земји, води еден од неколку проекти во обид да се намали масата на вселенски отпад од минатите мисии, кои орбитираат околу планетата и претставуваат ризик за активните сателити.

Ашбахер рече дека 110 земји или ентитети се приклучиле на повелбата „Нула отпад“ на Европската вселенска агенција, која има за цел да го запре создавањето на нови орбитални отпадоци до 2030 година.

Директорот на ЕСА нагласи дека „Спеј Икс“ чии сателити сега сочинуваат околу две третини од вселенските летала кои се активни во ниската орбита на Земјата, сè уште не се пријавил, но оти разговорите се во тек.

Од околу 10.300 активни сателити во орбитата, приближно 6.300 се дел од брзорастечкото соѕвездие на Старлинк во сопственост на Спејс Икс, според американските вселенски сили.

Ашбахер рече дека повелбата е потпишана од Амазон, кој се очекува да лансира повеќе од 3.000 сателити оваа деценија.

Кина почна да лансира свои сателити за да се натпреварува со Старлинк. јт/

Фото: ЕСА

Остани поврзан