Европол: Разбиен синџир за трговија со дрога, запленети 5,8 тони кокаин
- Белгиската, колумбиската и шпанската полиција со поддршка од Европол открија голем синџир за трговија со кокаин од Колумбија до наркопазарот во Европска унија
![Европол: Разбиен синџир за трговија со дрога, запленети 5,8 тони кокаин](https://new.mia.mk/images/20241203115902_big_730x400_11.webp )
Хаг, 3 декември 2024 (МИА) – Белгиската, колумбиската и шпанската полиција со поддршка од Европол открија голем синџир за трговија со кокаин од Колумбија до наркопазарот во Европска унија.
Во акцијата откриени и запленети се 5,8 тони кокаин и уапсени се 32 лица.
Операцијата уследи по апсењето на два бегалци од италијанската мафија Камора во октомври во Колумбија. ми/
фото: МИА архива