Европа и Јужна Америка бараат по дополнителни 10 милиони долари за членките на ФИФА
- Челните луѓе на УЕФА и КОНКАКАФ, Александар Чеферин и Виктор Монтаљани побараа од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, секоја од 211. членки на светската фудбалска организација да добие дополнителни 10 милиони долари од финансиските резерви на ФИФА.
Нион, 18 септември 2026 (МИА) – Челните луѓе на УЕФА и КОНКАКАФ, Александар Чеферин и Виктор Монтаљани побараа од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, секоја од 211. членки на светската фудбалска организација да добие дополнителни 10 милиони долари од финансиските резерви на ФИФА.
Чеферин и Монтаљани наведоа дека ФИФА, по успешно организираното Светско првенство во САД, Канада и Мексико, би требало да распола со резерви од околу шест милијарди долари, а предложената еднократна распределба би изнесувала вкупно 2,1 милијарди долари.
Средствата би биле наменети за развој на фудбалот и инфраструктурата, а исплатата би била дополнување на веќе ветените средства од програмата „ФИФА Форвард“. ФИФА претходно објави дека секоја членка за периодот 2027-2030 година треба да добие по 20 милиони долари преку програмата.
Воедно, челните луѓе на европскиот и јужноамериканскиот фудбал повикаа на целосна и независна анализа на финансиите на ФИФА пред следниот состанок на Советот на ФИФА, закажан за 15 октомври во Цирих, со цел да се утврди колку пари организацијата може одговорно да издвои.
Барањето доаѓа во време кога дел од светскиот фудбал е во конфликт со Инфантино околу неговиот контроверзен план „ФИФА Форвард Ентерпрајз“ (ФФЕ), кој предвидуваше продажба на удели во комерцијалните права поврзани со светските првенства на приватни инвеститори. ег
ФОТО: ЕПА