• понеделник, 10 февруари 2025

Еврокомесарката Кос во посета на Црна Гора

Еврокомесарката Кос во посета на Црна Гора

Подгорица, 16 јануари 2025 (МИА) - Еврокомесарката за проширување Марта Кос од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора, каде што ќе се сретне со претставници на црногорскиот државен врв.

Од Европската комисија е соопштено дека Кос ќе се сретне со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, премиерот Милојко Спајиќ и претседателот на Парламентот, Андрија Мандиќ.

Кос ќе се обрати во Собранието на Црна Гора, а од кабинетот на црногорскиот претседател соопштија дека теми на разговор со еврокомесарката ќе бидат европскиот пат на Црна Гора и актуелните предизвици со кои се соочува земјата на тој пат. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан