ЕБОР: Поддршка на дигитализација кај македонските МСП преку нов производ
- Оваа иницијатива промовира и инклузивен економски раст, преку обезбедување услови, МСП управувани од жени, да имаат еднаков пристап до финансирање. Обезбедувањето на финансирање за ваков развој треба да им помогне на бизнисите во регионот подобро да се усогласат со ЕУ стандардите, да го прошират нивниот трговски потенцијал, да го зголемат капацитетот, да се натпреваруваат на глобалната сцена, и да ја поттикнат нивната отпорност и разновидност.

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри четири милиони кредитна линија на Шпаркасе Банка АД Скопје, за натамошно позајмување на македонските мали и средни претпријатија (МСП), за инвестиции во дигитална и автоматска технологија.
Од Канцеларијата на ЕБОР во Скопје денеска соопштија дека одобрените средства се прв кредит од ЕБОР Програмата за дигитализација на Западен Балкан во земјава, преку кој се поддржуваат стимулативни плаќања и техничка помош финансирана од Европската Унија, чија Програма за гаранции за Западен Балкан ги поддржува МСП, преку обезбедување поголемо финансирање достапно преку комбинација на грантови и кредити.
Програмата за дигитализација на Западен Балкан се стреми кон привлекување на иновација, конкурентност и одржлив развиј во приватниот сектор. Вклучува мерки на зајакување во насока на користење нови технологии кои може да овозможат автоматизација и дигитализација, обезбедувајќи услови МСП да останат конкурентни во сė поширокиот дигитален пејсаж, и насочувајќи ги инвестициите кон технологија која ја поддржува Транзицијата кон зелената економија. Оваа иницијатива промовира и инклузивен економски раст, преку обезбедување услови, МСП управувани од жени, да имаат еднаков пристап до финансирање. Обезбедувањето на финансирање за ваков развој треба да им помогне на бизнисите во регионот подобро да се усогласат со ЕУ стандардите, да го прошират нивниот трговски потенцијал, да го зголемат капацитетот, да се натпреваруваат на глобалната сцена, и да ја поттикнат нивната отпорност и разновидност.
- Поддршката на МСП во нивната дигитална и зелена транзиција е круцијална за градење на силен приватен сектор. Преку промовирање на иновација и одржливост, обезбедуваме услови бизнисите да добијат пристап до финансирањето и можности за раст. Оваа иницијатива, ги охрабрува МСП да ја поттикнат автоматизацијата и дигитализацијата, да ја зајакнат нивната конкурентност на локалните и глобалните пазари, како и инклузивноста во ланците на глобални вредности, изјави Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за Северна Македонија, по потпишувањето на договорот со Санел Кустурица, претседател на УО на Шпаркасе Банка и Златица Цивкароски, член на УО на Шпаркасе Банка.
ЕБОР има инвестирано повеќе од 2.9 милијарди евра во 198 проекти во Северна Македонија, од почетокот на работењето во земјата. лв/нд/
Фото: Канцеларија на ЕБОР