• петок, 22 ноември 2024

Дурант доби лекарска дозвола за да продолжи со тренинзите

Дурант доби лекарска дозвола за да продолжи со тренинзите

Њујорк, 24 јануари 2023 (МИА) – Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурант добро закрепнува од истегнувањето на лигамент на десното колено, објави инсајдерот Шамс Чаранија.

Триесет и четиригодишниот кошаркар доби лекарска дозвола да продолжи со тренинзите оваа недела. Следниот преглед ќе се одржи за две недели.

Кошаркарот очекува да се врати на терените пред Ол-стар натпреварот (19 февруари) и да учествува на овој настан.

Во тековната НБА-сезона, Дурант има просек од 30 поени, 6,8 скока и 5,4 асистенции со 1,5 блокади за 36,1 минута игра по натпревар. зс/

Остани поврзан