ДУИ: Мицкоски не е и никогаш нема да биде тутор на политичко претставување на Албанците
- СООПШТЕНИЕ - Демократската унија за интеграција со загриженост реагира на континуираните обиди на Христијан Мицкоски да се наметне како тутор на албанската политичка сцена.
Скопје, 4 мај 2025
Демократската унија за интеграција со загриженост реагира на континуираните обиди на Христијан Мицкоски да се наметне како тутор на албанската политичка сцена.
Неговата последна изјава – во која јавно сугерира со кого треба да коалицира Арбен Таравари – претставува опасен и неприфатлив обид за реконфигурирање на политичката волја на албанските гласачи.
Ова е црвена линија што никогаш досега не е премината – и што никогаш нема да биде дозволено да се премине.
Никој, а најмалку Христијан Мицкоски – политичар кој ја има изградено својата кариера врз омраза, исклучивост и национализам – нема ниту морален, ниту политички легитимитет да го дизајнира албанското политичко претставување.
Овие негови постапки не се само навреда кон политичката зрелост на Албанците – тие се директно поткопување на неговата позиција како премиер.
Тој веќе го има загубено кредибилитетот да биде долгорочно решение во една мултиетничка држава.
Историјата нема да го запомни како државник, туку како човек – кој се обиде привремено да ја узурпира власта преку национализам, но не успеа – затоа што неговиот политички „софтвер“ не е компатибилен со мултиетничкиот „хардвер“ на оваа држава.
Албанското политичко претставување произлегува исклучиво од волјата на граѓани Албанци– автентично, достоинствено и слободно.
Тоа не е предмет на пазар, дизајн или политички инженеринг од политичари кои неспособноста да раководат ја покриваат со омраза и се плашат од мултиетничноста наместо да ја прифатат како вредност.
Мицкоски не е и никогаш нема да биде тутор на политичко претставување на Албанците.
Демократска унија за интеграција
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.