• сабота, 14 септември 2024

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители во Собрание

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители во Собрание

12 септември 2024

Демократската унија за интеграција нагласува дека целокупното национално јавно мислење беше сведок на дволичноста на губитниците на изборите и слугите на ВМРО од редовите на Влен по повод гласањето за предложениот закон за бранители на дневен ред на вчерашната седница во Собранието.  

Поразените пратеници на Влен првично се изјаснија дека се против и ќе го спречат донесувањето на законот за бранители, ја напуштија седницата, и по телефонскиот повик од нивните сопственици од ВМРО се вратија со свиткани опашки и обезбедија кворум за усвојување. на дневен ред со се Закон за Бранители. 

Ова вели дека Влен се заложници на ВМРО и со секоја нивна постапка ги земаат на врат Албанците. 
Националното знаме, албанскиот јазик, поранешните војници на ОВК, правичната и соодветната застапеност, балансерот, не посрамотија пред Косово и Албанија и секое национално достигнување беше прекршено за помалку од 100 дена. 

Северна Македонија треба да биде еднаква земја за сите граѓани, а не за едни мајка, а за други маќеа.

ДУИ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан