Државните секретари во МВР на С Македонија и на Словенија, на средба со Спасовски
- Во рамки на унапредување на меѓународната билатерална соработка, државната секретарка на МВР Магдалена Несторовска денеска беше домаќин на државниот секретар на МВР на Република Словенија Фра
Скопје, 13 април 2021 (МИА) - Во рамки на унапредување на меѓународната билатерална соработка, државната секретарка на МВР Магдалена Несторовска денеска беше домаќин на државниот секретар на МВР на Република Словенија Франц Канглер, при што остварија средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На средбата, соопштија од МВР, била потенцирана досегашната успешна соработка меѓу двете земји во областа на евроинтеграциите, што се заснова на меѓусебно почитување и искрено пријателство.
Министерот Спасовски упатил благодарност за досегашната континуирана и безрезервна поддршка што Република Словенија ѝ ја дава на Република Северна Македонија во процесот на евроатланската интеграција.
- Министерот Спасовски пред словенечкиот гостин ја образложи и потребата за склучување Имплементациски договор на основа на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа за воспоставување заеднички контакт центри за размена на информации меѓу договорните страни на Конвенцијата, чија цел е размена на информации меѓу Заедничките контакт-центри кои играат важна улога за зајакнување на прекуграничната соработка и придонесуваат кон борбата против прекуграничниот криминал и тероризам, се наведува во соопштението од МВР.
Државните секретари, во рамки на работниот состанок разговарале во насока на успешно справување со миграциската криза, борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, како и за потребата од склучување на засебен Протокол за соработка на Комисиите во областа на трговија со луѓе.
- Се дискутираше за потребата од соработка во областа на заедничките обуки меѓу државите и размена на искуства во областа на воздухопловството. Од страна на словенечкиот државен скретар Канглер беа презентирани приоритетите на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ, активностите кои произлегуваат во рамките на Брдо Процесот, како и апсолутната словенечка поддршка на Република Северна Македонија кон полноправното членство во ЕУ, стои во соопштението.
Покрај средбите во МВР, државниот секретар на МВР на Република Словенија, во придружба со директорот на Бирото за јавна безбедност на МВР Сашо Тасевски го посетил граничниот премин „Богородица“ во Гевгелија, како и групата од 54. Контингент на словенечките полициски службеници, кои вршат заеднички операции за засилен надзор и контрола на јужната државна граница кон Република Грција, со цел спречување на илегалната миграција. цр/скс/