• петок, 24 мај 2024

Државните патишта наместа влажни и проодни, на Шапка врнежи од снег со среден интезитет

Државните патишта наместа влажни и проодни, на Шапка врнежи од снег со среден интезитет

Скопје, 11 февруари 2024 (МИА) -  Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопштија од Автомото сојузот на Македонија.

Информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози како и дека сите патни правци во државата се проодни.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. бк/

 

 

Остани поврзан