• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Државниот обвинител Коцевски го предводи тимот обвинители што го истражува пожарот во Кочани

Државниот обвинител Коцевски го предводи тимот обвинители што го истражува пожарот во Кочани

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Јавниот обвинител на Република Северна Македонија формираше обвинителски тим кој ќе раководи со истражните дејствија поврзани со пожарот во Кочани. Во обвинителскиот тим се вклучени петмина обвинители од Кочани, Штип и Скопје. 

Во Кочани е републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и сите обвинители, кои заедно со останатите надлежни служби се на терен, информираат од јавното обвинителство.

Во пожарот во дискотеката во Кочани синоќа загина 51 лице, а над 100 се повредени. ев/бак/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан