• недела, 07 јули 2024

Државна матура утре полагаат 866 ученика од пет средни училишта од Куманово

Државна матура утре полагаат 866 ученика од пет средни училишта од Куманово

Куманово, 31 мај 2024 (МИА) - Државна матура полагаат вкупно 866 ученици, според пријавеното во училиштата од Куманово, соопштија денеска од секторот за образование на општина Куманово. Утре учениците полагаат мајчин јазик.

- Од пет средни училишта на ниво на општина Куманово, четири општински и едно државно училиште државна матура полагаат вкупно 866 ученици, училишна матура четири ученици и завршен испит 316 ученици, изјави раководителот на секторот за образование, Александар Јовановиќ.

Во гимназијата „Гоце Делчев“ државна матура полагаат 205 ученика во „Сами Фрашери“ 166, а двајца ученика ќе полгаат училишна матура. Во стручното „Наце Буѓони“ за државна матура се пријавени 329 ученика, а 191 ќе полагаат завршен испит. Во „Перо Наков“, државна матура ќе полагаат 144 ученици, двајца училишна матура 29 завршен испит. Во државното „Киро Бурназ“ пак 22 ќе полагаат државна матура, а 96 ученика завршен испит. ам/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан