• понеделник, 23 декември 2024

Државната секретарка Магдалена Несторовска учествуваше на трибина на тема „Резултати од борбата за родова еднаквост“

Државната секретарка Магдалена Несторовска учествуваше на трибина на тема „Резултати од борбата за родова еднаквост“

Скопје, 7 март 2023 (МИА) - Државната секретарка во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска, по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, ја поддржа Секцијата на жените при Македонскиот полициски синдикат учествувајќи на трибина на тема „Резултати од борбата за родова еднаквост“, што денеска се одржа во Велес, соопшти МВР.Во обраќање Несторовска порача дека жените не треба да се откажуваат од битките и да не се демотивираат од ситните неуспеси.

-Некои битки мора да се водат повеќе пати! Поработете на родово сензитивизирање на вашите колеги мажи, па и жени, со силата на аргументите ќе ги натерате да ги видат работите низ диоптрија ослободена од стереотипи, рече државната секретарка во МВР. Најважната мисија и вашиот најтежок испит, додаде таа на трибината, е мирот и безбедноста во светот да станат траен бенефит на родовата рамноправност.

- И секогаш кога ќе има повеќе жени во униформа, тоа за луѓето да биде потврда дека мирот и безбедноста се загарантирани, рече Несторовска во обраќањето на трибината. сст/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан