• вторник, 13 јануари 2026

До 1 февруари да се отстранат хаварисаните и нерегистрирани возила од јавните површини

До 1 февруари да се отстранат хаварисаните и нерегистрирани возила од јавните површини

Виница, 10 јануари 2026 (МИА) - Општина Виница започна со втората фаза - превенција и поставување налепници на оставени хаварисани, напуштени и нерегистрирани моторни и приклучни возила, активност што е дел од акцијата „Чиста Општина Виница 2026 година“. Ова се однесува  и на земјоделската механизација што се наоѓаат на јавни површини. 

-Општината, во периодот од 01.12.2025 до 31.12.2025 година изврши детектирање и откривање локации  каде се оставени ваков вид на возила.  Ова резултираше со отстранувањена најголем број од детектираните  од страна на нивните сопственици, вели градоначалникот Митко Костадиновски.

тој додава дека доколку и во дадениот рок лицата не ги отстранат преостанатите  возилата од јавните површини, следува третата фаза од акцијата–репресивни мерки и изрекување казни од страна на Општина Виница и МВР – ПС Виница. -Оваа фаза ќе започне да се спроведува од 01.02.2026 година и тоа ќе се прави континуирано, најави Костадиновски.

Од Општината апелираат сите граѓани кои имаат оставено хаварисани, искористени или напуштени моторни и приклучни возила, како и земјоделски машини на јавни површини, навремено да ги отстранат и со тоа да дадат свој придонес за чист град и здрава животна средина.  Воедно ги повикуваат граѓаните да пријавуваат до инспекциските служби на Општина Виница доколку забележат ваков вид возила оставени на јавните површини. ис/сст/

фото: Општина Виница

Остани поврзан