Дојрански туристи и маријачи продефилираа на априлијадата во Дојран
- Со креативни маски и пораки реализирани во заедничка соработка на учениците и наставниците, низ 18 групни маски од сите одделенија, 1 април, денот на шегата, се одбележа во основното училиште „Кочо Рацин“ во Нов Дојран. Низ училишната бина продефилираа дечиња во боите на виножитото промовирајќи го другарството и еднаквоста, се претставија маски на весели пилиња, бубамари, ноеви, пирати, индијанци, богови од грчката митологија, титови пионери, штрумфови, а дел од маските беа со локален предзнак како дојрански туристи и дојрански маријачи.
Дојран, 1 април 2026 (МИА) - Со креативни маски и пораки реализирани во заедничка соработка на учениците и наставниците, низ 18 групни маски од сите одделенија, 1 април, денот на шегата, се одбележа во основното училиште „Кочо Рацин“ во Нов Дојран.

Низ училишната бина продефилираа дечиња во боите на виножитото промовирајќи го другарството и еднаквоста, се претставија маски на весели пилиња, бубамари, ноеви, пирати, индијанци, богови од грчката митологија, титови пионери, штрумфови. Дел од маските беа со локален предзнак како дојрански туристи и дојрански маријачи, а тематски се претставија и народни веселби, како и маска инспирирана од познатиот српски филм „Зона Замфирова“.

- Ова е ден кога секој ученик може да биде што сака, да стане некој познат супер херој или лик од бајка. Нашите маски се создадени со фантазија, труд и љубов, за да го направиме денот посебен и весел за сите и деца и возрасни, вака учениците ја најавија априлијадата.

Во училишната манифестација учествуваа сите одделенија, од прво до деветто, од сите подрачни единици на централното училиште, а се доделија награди за најсмешна шега, најинтересна карикатура и најкреативна маска. рш/вј/
Фото: МИА