• четврток, 02 јануари 2025

Доминик Пелико осуден за масовно силување на својата поранешна сопруга во Франција, нема да поднесе жалба на пресудата

Доминик Пелико осуден за масовно силување на својата поранешна сопруга во Франција, нема да поднесе жалба на пресудата

Париз, 30 декември 2024 (МИА) - Французинот осуден дека ја дрогирал и силувал својата сопруга и дека повикал најмалку 50, а можеби и повеќе од 80 мажи во домот на парот за да ја силуваат речиси 200 пати додека била во бессознание, нема да поднесе жалба на неговата пресуда, изјави неговиот адвокат.

Доминик Пелико (72) беше осуден на затворска казна од 20 години претходно овој месец по судењето што ја згрози Франција и пошироко, додека 50 сообвинети беа исто така осудени и изречени различни казни.

„Доминик Пелико донесе одлука да не поднесе жалба на пресудата“, изјави адвокатката Беатрис Заваро за француски медиуми. зш/

 

Остани поврзан