Доминик Калверт-Луин го напушта Евертон по девет сезони во клубот
- Напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт-Луин, објави дека ќе го напушти клубот како слободен агент.
Ливерпул, 29 јуни 2025 (МИА) - Напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт-Луин, објави дека ќе го напушти клубот како слободен агент.
Фудбалерот си заминува по девет сезони во клубот и ја опиша одлуката како „исклучително тешка“.
Калверт-Луин го имаше своето деби за „карамелите“ во декември 2016 година, но неговиот пробив се случи во сезоната 2019/20, кога постигна 15 гола во сите натпреварувања.
Во следната сезона, тој постигна 21 гол, но потоа повредите не дозволија да го открие целиот свој потенцијал. дс
Фото: Архива