• недела, 22 декември 2024

Домашен пораз на кошаркарките на Бадел 1862 во Јадранската суперлига

Домашен пораз на кошаркарките на Бадел 1862 во Јадранската суперлига
Скопје, 3 февруари 2022 (МИА) – Кошаркарките на македонскиот вицешампион Бадел 1862 не успеаја вечерва да триумфираат против фаворитот за титулата во Јадранската суперлига, Будуќност, и претрпеа пораз на домашен терен од тимот од Подгорица со 59:67. Македонскиот состав одлично го отвори натпреварот и веќе по првата четвртина стекна двоцифрена предност (24:14), која до полувремето и ја зголеми на плус 11 поени (44:33). Сликата на паркетот во салата „Независна Македонија“, сепак, се промени во вториот дел, во кој црногорскиот шампион направи голем пресврт. Будуќност во третата четвртина им дозволи на кошаркарките на Бадел 1862 да постигнат само шест поени и влезе во завршните десет минути со предност од 54:50. По серијата од 7-1, Будуќност „побегна“ на двоцифрени 61:51, што на крајот се покажа како недостижно за македонскиот тим, во кој Стојановска и Кметовска беа најефикасни со по 18 реализации. Во следното коло, на 9 февруари, Бадел 1862 повторно ќе игра на домашен терен против новосадска Војводина 021. ег/вј/

Остани поврзан