• понеделник, 23 декември 2024

Додик повторно најави можност за независност на Република Српска

Додик повторно најави можност за независност на Република Српска

Бања Лука, 5 април 2024 (МИА) - Република Српска (РС) не сака да го уништи Уставот на БиХ, туку го бара тоа што и припаѓа. Мислам дека тоа е легитимно политичко барање. Сакаме да ја зајакнеме нашата автономија, изјави денеска претседателот на РС, Милорад Додик, пренесе Бета.

Тој ја повика ЕУ да им дозволи на политичарите во Босна и Херцеговина сами да преговараат.

-Не смееме да дозволиме да го изгубиме својот имот. Доколку го изгубиме имотот, веднаш ќе донесеме одлука за независен статус. Секакви одлуки во однос на имотот се решени за нас и не можат да бидат на дневен ред, посочи Додик.

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан изјави дека Милорад Додик е „конструктивен лидер“ и дека Европа треба да го признае поради тоа.

Унгарија вети дека ќе и испрати 187 милиони евра на Украина како дел од планираниот пакет помош од ЕУ. Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека е подготвена да го исплати својо

-БиХ, како децентрализирана земја, не може да биде централизирана без одлука на ентитетот. Кој сака да го направи тоа, го прави против волјата на ентитетот, рече Орбан.

Тој додаде дека ако се одземе имотот на една заедница, тоа води до големи проблеми. Според него, „политиката кон Република Српска е неправедна“.

-Треба да разговараме и да ги собереме оние што го разбираат српскиот народ, и во РС и во Србија. Од 1 јули ќе го преземеме претседателството со ЕУ, ќе имаме тим што ќе се занимава со Босна и Херцеговина, најави унгарскиот премиер.

Тој понатаму рече дека Унгарија инвестира во РС, бидејќи, како што кажа, „РС има иднина“.

Во Бања Лука престојува унгарска делегација на чело со Орбан, а во тек е и заедничкиот Економски форум на Унгарија и РС.

Претходно денеска се одржа средба меѓу српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ и министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто. мс/

фото: МИА архива/ЕПА

Остани поврзан