• вторник, 15 октомври 2024

Додека хрватските Рафали не профункционираат, нивниот воздушен простор ќе го штитат Унгарија и Италија

Додека хрватските Рафали не профункционираат, нивниот воздушен простор ќе го штитат Унгарија и Италија

Загреб, 14 октомври 2024 (МИА) - За да се обезбеди непречена обука на пилотите на Рафал, задачата на дежурното борбено дуо привремено ќе се извршува од воздухопловните бази на соседните сојузнички земји Италија и Унгарија.

Министерството за одбрана на Хрватска веќе извести дека заштитата на суверенитетот на хрватскиот воздушен простор ја вршат хрватските повеќенаменски борбени авиони Рафал, но привремено Рафалите не формираат дежурно борбено дуо за да не влијаат на интензитетот на обуката на пилотите и безбедноста на летот и непотребно да трошат материјал, персонал и финансиски ресурси.

За да се обезбеди непречена обука на пилотите на Рафал, задачата на дежурното борбено дуо привремено ќе се извршува од воздухопловните бази на соседните сојузнички земји Италија и Унгарија.

Во претходните одговори до медиумите, Министерството за одбрана најави дека тоа ќе се направи по потпишување на билатерален договор на ниво на вооружени сили, што го направија и другите членки на НАТО во периодот на транзиција.

Овој договор минатиот месец го потпишаа командантите на воздухопловните сили во име на министерствата за одбрана, а реализацијата на самиот договор се очекува до крајот на годинава. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан