• петок, 22 ноември 2024

Ди Франческо ја напушта Верона по само три кола во Серија А

Ди Франческо ја напушта Верона по само три кола во Серија А
Верона, 14 септември 2021 (МИА) - Тренерот Еузебио Ди Франческо ја напушти функцијата главен тренер на Верона, соопшти прес-службата на италијанскиот фудбалски прволигаш. Се забележува дека целиот тренерски штаб исто така е разрешен. Ди Франческо го презеде тимот на 7 јуни 2021 година. Договорот му беше со важност до 2023 година. Во тековната сезона, по три кола, Верона не успеа да освои ниту еден бод. зс/

Остани поврзан