• петок, 22 ноември 2024

Ди Марија на лето би можел да се пресели во Барселона доколку Меси се врати во шпанскиот клуб

Ди Марија на лето би можел да се пресели во Барселона доколку Меси се врати во шпанскиот клуб

Барселона, 27 мај 2023 (МИА) - Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Јувентус, Анхел Ди Марија, пренесува „Relevo“.

 

Каталонскиот клуб очекува да потпише со 35-годишниот Аргентинец, кој најверојатно ова лето ќе стане слободен играч. Самиот фудбалер сака да продолжи да игра во Европа, дополнителен мотив за напаѓачот може да биде враќањето во Барселона на неговиот партнер во репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси, со кого има пријателски односи.

 

Во сезоната 2022/23, Ди Марија на 38 натпревари за Јувентус постигна осум гола и направи седум асистенции. Договорот на играчот со торинскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2023 година.

 

Од јули 2010 до август 2014 година, Ди Марија играше за Реал Мадрид. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан