• понеделник, 23 декември 2024

Директорот на БЈБ Јанев на конференцијата на Меѓународната асоцијација на шефови на полиции

Директорот на БЈБ Јанев на конференцијата на Меѓународната асоцијација на шефови на полиции

Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) - Потребна е тесна соработкa со соседните држави за успешно соочување и надминување на предизвиците во борбата против криминалот, истакнал директорот на  Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев на панел дискусија за прекуграничната соработка во регионот во рамки на годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефови на полиции.

Како што соопшти денеска МВР, Јанев ја истакнал важноста од тесна соработка со соседните држави, која се базира на принципите на доверба, транспарентност и несебична заложба за заедничка борба против криминалот. 

-Еден од најефикасните начини за водење на истрагите е воспоставувањето на заеднички истражни тимови, во рамки на кои зајакнатата полициско-обвинителската соработка помеѓу инволвираните држави е клучен фактор за успех во истрагите и изведување на сторителите пред лицето на правдата, истакнал директорот на БЈБ.

На конференцијата бил презентиран и случај преку кој учесниците и меѓународните партнери можеле одблиску да се запознаат како функционира соработката помеѓу полициите во координација на обвинителствата на Македонија и Косово.

Целта, како што се додава во соопштението, е заедничка, силна посветеност во насока на спречување и откривање на прекуграничниот криминал и сузбивање на криминалните групи и организации кои делуваат во регионот. дма/мч/

Фото: МВР

 

 

 

 

 

Остани поврзан