• понеделник, 23 декември 2024

Директорот на АХВ Бабовски одржа билатерален состанок со српскиот колега Петровиќ

Директорот на АХВ Бабовски одржа билатерален состанок со српскиот колега Петровиќ

Скопје, 21 јуни 2023 (МИА) - Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска во Ниш, Република Србија, одржа билатерален состанок со неговиот колега, директорот на Управата за ветеринарство на Република Србија, Милош Петровиќ.

Како што информира АХВ, на состанокот присуствуваа и претставници на Стопанската комора на Република Србија.

Во придружба на својот српски колега и претставници од Комората, директорот Бабовски го посети и Ветеринарниот специјалистички институт, каде заеднички беа разгледани можностите кои ги нуди иницијативата Отворен Балкан и ЦЕФТА договорот за олеснување на процедурата за зголемување и олеснување на трговската соработка меѓи двете држави. За олеснување на процедурите, направени беа неколку усогласувања во насока на интензивирање на трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Република Србија. мч/ац/

Остани поврзан