Димитров за ЕУ иднината на Западен Балкан: Ако една соба во европската куќа е без вода, струја и греење, ќе страда целата куќа
- За Грција, мислам дека и за многу други земји членки, но не за сите, јасно е дека овој регион е дел од Европа. Замислете си една куќа и таа куќа е Европската Унија и во куќата постои една соб
Атина, 15 септември 2021 (МИА) - За Грција, мислам дека и за многу други земји членки, но не за сите, јасно е дека овој регион е дел од Европа. Замислете си една куќа и таа куќа е Европската Унија и во куќата постои една соба која нема вода, нема електрична енергија, ни греење. Куќата ќе страда, не само собата, рече заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров по конференцијата во Солун објаснувајќи ја ситуацијата со европската перспектива на Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.
Во организација на алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис, во Солун денеска се одржа конференцијата „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“ на која дискутираа министрите од шесте балкански земји.
По состанокот, Димитров истакна дека во контекст на денешната дебата во Солун, градот има важна симболика за целиот Балкан, кога пред 18 години „под грчкото претседателство, Советот им даде ветување на народите на Балканот дека нивната иднина е во Европската Унија“.
Додаде дека потребно е ова да се случи за да се врати вербата, но и кредибилитетот, дека ова, како што рече е реално, постои напредок и дека тоа ќе се случи.
Истакна дека за да се врати довербата од Солун, потребно е лидерство како она што го покажаа Грција, но и Словенија што ги поканија земјите од регионот да разговараат за иднината на Европа.
-Благодарен сум им на Грција и на грчката Влада за лидерството и за поддршката и мислам дека тоа кажува дека земјата со која ги делиме границите, а Грција се граничи со други земји кандидатки, ја дели оваа визија за заедничка европска иднина, истакна вицепремиерот.
Димитров уште еднаш ја повтори фразата на грчки јазик од неговата последна посета на Грцја дека „сега е време“ да се почне со напредок во европскиот пристап на регионот.
-Многу долго чекавме, работевме напорно, го заслуживме тоа и ппрепознавањето на тој напредок ќе служи како и инспирација за многу други и мислам дека ќе биде добар чекор за враќање на кредибилитетот од солунското ветување, истакна вицепремиерот.
Домаќинот на конференцијата, алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитадис Варвициотис рече дека за нив ЕУ перспективата на Западен Балкан не е прашање на дебата, туку прашање на време и тоа да треба да се случи колку е можно побргу. ср/лв/
https://www.facebook.com/MVarvitsiotis/videos/543850236688445