• сабота, 13 декември 2025

Димитријевиќ: Пред два месеци српската Алта банка ја презеде „Стопанска Банка АД Битола“, за тоа согласност дал Трајко Славески

Димитријевиќ: Пред два месеци српската Алта банка ја презеде „Стопанска Банка АД Битола“, за тоа согласност дал Трајко Славески

12 декември 2025

Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски!  Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба. Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски, истакна на денешната прес - конференција, Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Пред само два месеци српската Алта банка ја презеде „Стопанска Банка АД Битола“. За тоа согласност дал Трајко Славески, гувернер на НБРМ.

Дали токму тоа е причината за која Трајко Славевски беше избран за Гувернер НБРМ, само за да тивко и експедитивно се реализира токму оваа зделка?

Но клучното прашање е: Што се крие зад оваа зделка? Зошто веднаш по доаѓањето на власт на ДПМНЕ се реализираат вакви дилови?

Одиме со фактите по ред.

Сопственик на Алта Банка е Давор Мацура од соседна Србија.

За краток период од сопственик на мала менувачница во Земун, станува сопственик на банка, земјишен магнат, инвеститор, кој има договори со огромни државни компании во Република Србија.

Последно, на банката која до вчера била менувачница и е даден огромен државен бизнис на Електростопанството на Србија, а тоа се сметките за струја.

Според пишувањата на српските медиуми рецептот за успех се неговите врските со власта на СНС Александар Вучиќ, неговиот брат и кум.

Српската опозиција редовно го обвинува Мацура за криминал. А медиумите во Србија го врзуваат пријателството и со Милан Радојчиќ, под американски санкции и на црната листа.

Но, кога Мацура се обидел да се прошири и во ЕУ, односно да купи речиси 20 проценти од уделот во австриската Адико банка, Европската централна банка му го суспендирала правото поради сомнеж за потеклото на капиталот.

По пишувањата на угледниот Фајненшл тајмс, постоела долга  истрага на ЕЦБ за Alta Pay поради сомнежи за перење пари.

Ова значи легален влез на сомнителни финансиски текови во Македонија и отворање врата за можно перење пари.

Како тоа Европската централна банка има преземено ваков ригорозен чекор а Трајко Славевски и НБРМ без размислување го дозволиле преземањето во Македонија?

Зошто не биле по внимателни?

Особено што станува збор за банка од понизок ранг.

Еве го српското сценарио на кое предупредуваме!

Оваа трансакција е нераскинливо поврзана со финансиско-политичката мрежа на владејачките структури со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Дали ова значи отворање на патот за селење на сомнителен капитал и влијанија од Србија во Македонија.

Бараме Финансиското разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за ова крајно сомнително преземање.

Бараме да се испитаат потеклото на парите и ризикот од перење пари.

Македонија не смее да стане финансиска платформа за туѓи политички агенди!
АКТ продолжува!

Работата не е завршена!

Сомнежи за перење пари: зошто НБРМ дозволи влезот од Алта Банка кога ЕЦБ ги запрела?

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нови сериозни сомнежи поврзани со преземањето на „Стопанска банка АД Битола“ од страна на српската Алта банка.

„Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски. Пред само два месеци српската Алта банка ја презеде ‘Стопанска банка АД Битола’, а за тоа согласност дал гувернерот на НБРМ, Трајко Славески“, изјави Александар Саша Димитријевиќ, член на Централниот одбор на СДСМ.

Тој го постави прашањето дали токму оваа зделка е причината поради која Славески бил избран за гувернер.

„Дали Трајко Славески беше избран за гувернер само за тивко и експедитивно да се реализира токму оваа зделка?“, праша Димитријевиќ.

Kлучното прашање е што се крие зад ова преземање и зошто вакви дилови се реализираат веднаш по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Според пишувањата на српските медиуми, како што наведе тој, успехот на Мацура е поврзан со блиски врски со власта на СНС.

„Рецептот за успех се неговите врски со власта на СНС, со Александар Вучиќ, неговиот брат и кум. Српската опозиција редовно го обвинува Мацура за криминал, а медиумите го поврзуваат и со Милан Радојчиќ, кој е под американски санкции и на црната листа“, истакна Димитријевиќ.

Тој потсети дека при обид за проширување во Европската унија, Европската централна банка презела ригорозни мерки.

„Кога Мацура се обидел да купи речиси 20 проценти од уделот во австриската Адико банка, Европската централна банка му го суспендирала правото поради сомнежи за потеклото на капиталот“, рече Димитријевиќ.

Според пишувањата на угледниот „Фајненшл тајмс“, како што наведе тој, „постоела долга истрага на ЕЦБ за Alta Pay поради сомнежи за перење пари“.

„Ова значи легален влез на сомнителни финансиски текови во Македонија и отворање врата за можно перење пари“, предупреди Димитријевиќ.

Тој праша како е можно Европската централна банка да преземе ваков ригорозен чекор, а НБРМ да го дозволи преземањето.

„Како тоа ЕЦБ има преземено ваков ригорозен чекор, а Трајко Славески и НБРМ без размислување го дозволиле преземањето во Македонија? Зошто не биле повнимателни, особено кога станува збор за банка од понизок ранг?“, рече тој.

АКТ на СДСМ побара институционална реакција.

„Бараме Финансиското разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за ова крајно сомнително преземање. Бараме да се испита потеклото на парите и ризикот од перење пари“, рече Димитријевиќ.

„Македонија не смее да стане финансиска платформа за туѓи политички агенди“, порача тој.

АКТ продолжува. Работата не е завршена.


 

Линк до видео:  https://www.youtube.com/watch?v=2fI9mhMupVs 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан