• вторник, 05 ноември 2024

Димитриев од Демир Капија е пионерски државен првак во кајак на дива вода-слалом

Димитриев од Демир Капија е пионерски државен првак во кајак на дива вода-слалом
Демир Капија, 18 октомври 2020 (МИА) - Демиркапиецот Никола Димитриев освои прво место на пионерското државно првенство во кајак на дива вода-слалом кое се одржа во Велес, информираа вечерва од кајакарскиот кану клуб „Просек“ од Демир Капија. Прво и второ место освоија нашите членови Никола Димитриев и Давид Ристовски во поединечна конкуренција во категорија К-1. Екипно се пласиравме на второ место. Панче Илиевски, Никола Димитриев и Давид Ристовски со тимско возење освоија трето место, за МИА појасни Дарко Илиевски, тренер во клубот. Тој рече дека е горд на тимот кајакари од  Демир Капија кои вежбаат на реката Вардар и токму за таму го најави јуниорското првенство за следната недела. Повторно очекуваат медали. Потсети дека кајакарењето има долгогодишна традиција од околу половина век крај Демиркаписката клисура. свд/зс/

Остани поврзан