• петок, 21 јуни 2024

Димитриевски и официјално нов голман на Валенсија

Димитриевски и официјално нов голман на Валенсија

Валенсија, 12 јуни 2024 (МИА) - Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски и официјално е нов голман на Валенсија, објавија од клубот.

Очекувањата се во новата сезона да биде прв голман на Валенсија, бидејќи главна цел на клубот е да заработи поголема сума на пари од Георги Мамардашвили.

Популарниот Столе одигра шест сезони во Рајо Ваљекано, каде што се етаблира како еден од најдобрите голмани во Примера, а со Валенсија потпиша договор до јуни 2026 година. дс

Фото: Валенсија

Остани поврзан