• недела, 22 декември 2024

Дизни губи над 90 отсто од профитот поради коронавирусот

Дизни губи над 90 отсто од профитот поради коронавирусот
Лос Анџелес, 6 мај 2020 (МИА) - Приходите на компанијата Дизни опаднаа за 91 отсто во првите три месеци од 2020 година, и тоа најмногу поради затворањето на тематските забавни паркови ширум светот. Иако продажбата за ова тримесечје порасна за 21 отсто, на 18 милијарди долари, заработката на компанијата претрпе огромна штета поради затворањето на парковите, како и поради трошоците за отпочнување на стрим-услугите Дизни плус. Оперативните приходи на Дизни во делот на забавните паркови опаднаа за дури 58 отсто во однос на лани.  си/

Остани поврзан