• недела, 22 декември 2024

Де Лаурентис: Спалети е слободен човек

Де Лаурентис: Спалети е слободен човек

 

Неапол, 29 мај 2023 (МИА) – Тренерот на новиот италијански фудбалски првак Лучано Спалети побара „отсуство“, изјави денеска претседателот на клубот од Неапол, Аурелио де Лаурентис, потврдувајќи го со тоа веројатното заминување на искусниот стратег.

„Спалети е слободен човек. Кога некој ќе ти дојде и ќе ти рече дека направил сè што можел и дека завршил една ера од неговиот живот … Ми рече дека би сакал да има една година одмор. Дали можеш да се противиш на тоа?, рече Лаурентис во изјава за италијанските медиуми.

„Сега е сосема на место (Спалети) да продолжи да го прави тоа што го сака“, додаде првиот човек на Наполи.

Спалети, кој на 64-годишна возраст највозрасниот тренер со освоено Скудето, досега ниту еднаш официјално не ги потврдил своите желби да го напушти Наполи, препуштајќи му на клубот тоа да го соопшти по завршување на сезоната. ег/
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан