• четврток, 26 септември 2024

Дејан Недев на семинар во Индија

Дејан Недев на семинар во Индија

Бенгалур, 25 септември 2024 (МИА) - Македонски каратист Дејан Недев од 26 до 29 септември на покана на Индиската федерација за традиционално карате ќе одржи семинар во Бенгалуру.

На семинарот се очекува да земат учество голем број на каратисти од цела Индија. 

Недев на овој семинар ќе демонстрира голем број на кихон-техники, кати и бункај, кумите-техники, фукуго и енбу дисциплини кои се карактеристични и се практикуваат само на ИТКФ шампионатите во традиционално карате. 

На крај од семинарот е предвидено и да се одржи полагање за мајсторски појаси. 

Дејан Недев во моментов е претседател и шеф инструктор на светската федерација ИТКФ основана во 1974 година од страна на легендарниот карате мајстор Хидетака Нишијама. зс/

Фото: МТКФ

Остани поврзан