• сабота, 27 јули 2024

Дешан: Бензема докажа дека е клучен играч во националниот тим, тој значително созреа

Дешан: Бензема докажа дека е клучен играч во националниот тим, тој значително созреа
Париз, 11 октомври 2021 (МИА) - Селекторот на Франција, Дидие Дешан го пофали напаѓачот Карим Бензема, по победата над Шпанија во финалето на Лигата на нации (2:1). - Карим е клучен играч, тоа го докажа на последните два натпревара. Многу сум среќен за целиот тим и за него. Тој е неверојатно ефикасен. Не е истиот играч како во 2015 година. Забележливо е созреал многу како личност. Овој трофеј од Лигата на нации не е најважната титула, но, за него беше важно да го освои, рече Дешан. Бензема во јуни годинава се врати во француската репрезентација по пауза од шест години поради скандалот со Валбуена. Фудбалерот на Реал Мадрид вчеравечер во финлето на Лигата на нации против Шпанија беше стрелец на изедначувачкиот гол. зс/

Остани поврзан