• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дешамп по поразот во Сплит: Бевме премногу апатични

Дешамп по поразот во Сплит: Бевме премногу апатични

 

Сплит, 21 март 2025 (МИА) – „Бевме премногу апатични, играчите се разочарани“, изјави синоќа францускиот селектор Дидие Дешамп по гостинскиот пораз од Хрватска во Сплит од 0-2 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на нации.

Хрватска до триумфот над актуелниот светски вицешампион дојде со головите на Анте Будимир во 26 минута и Иван Перишиќ (45+1).

„Мислам дека имавме добри намери, но многу брзо направивме премногу технички грешки. Противникот има квалитет, па кога му дадовме шанса бевме казнети. Бевме премногу апатични, имаше и грешки“, изјави Дешамп по натпреварот.

Во преостанатите три синоќешни плејоф дуели во елитната дивизија во Лигата на нации, Данска триумфираше над Португалија (1-0). Германија ја совлада Италија на гостински терен (2-1), додека Холандија и Шпанија одиграа нерешено 2-2.

Лига на нации:

Лига А, плејоф: Хрватска – Франција 2-0, Холандија – Шпанија 2-2, Италија – Германија 1-2, Данска – Португалија 1-0.

Лига А/Б, плејоф: Турција – Унгарија 3-1, Австрија – Србија 1-1.Украина – Белгија 3-1, Грција – Шкотска 0-1.

Лига Б/Ц, плејоф: Ерменија – Грузија 0-3, Бугарија – Република Ирска 1-2, Косово – Исланд 2-1, Словачка – Словенија 0-0. ег

ФОТО: ХНС/Фејсбук

Остани поврзан