• понеделник, 23 декември 2024

Дечињата од прилепската „Божикна поворка“ го посетија домот за стари лица

Дечињата од прилепската „Божикна поворка“ го посетија домот за стари лица

Прилеп, 5 јануари 2024 (МИА) - Децата од Прилеп, учесници во Бадниковите поворки утре на Бадник, денеска ги завршија сите проби и го посетија Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ каде на штитениците во Домот им ги честитаат празниците. Посебно Божик со дел од песничките што го навестуваат Христовото раѓање.

-Нашите дечиња - ангелчиња им ги честитаа претстојните празници на штитениците во домот и го најавиме Христовото раѓање. На штитениците им посакавме здравје и долг живот, а детската радост и насмевка се најголемите честитки. Низ ангелска песна честитката беше божествена, а на старите лиза им поделија подароци, рече Катерина Левкоска одорганизациониот одбор на „Бадниковите поворки“.

Утре во 10 часот, преку 200 дечиња ќе ја започнат Бадниковата поворка, најавувајќи го Христовото раѓање. поворката ќе тргне од кКамената бина на плоштадот Александрија во центарот на Прилеп каде е поставена и пештерата во која се родил Исус Христос. Децата ќе ја почнат поворката   пееќи ги песничките:  „Вечниот Бог", „Тропар на Рожденство Христово" и „Кондак на Рожденство Христово". Ќе ги пречека прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој ќе ги дарува симболично.

Пеејќи ја „Вечниот Бог", поворката ќе продолжи низ Старата чаршија. децата ќе ја посетат и црквата „Света петка“ во прилепската населба Точила зашто таму за првпат е спроведен Божикен конкурс за најдобри песни и раскази поврзани со Христовото раѓање, со дарувањето и симболот на добрината. ем/сст/

 

Остани поврзан